Запрашан за сумата потрошена за објави на социјалните мрежи, премиерот Ковачевски истакна дека не гледа никаков проблем околу таа ситуација.
Тој додаде дека ниту еден денар потрошен на објави на социјалните мрежи не е од буџетски средства.
„Во денешно време, ако сакате да прикажете нешто на јавноста ова е начинот на кој што се прави. Важно е да се каже дека премиерот оди во Минхен на Безбедносна конференција каде се разговара за значајни прашања за нашата држава. Ќе потврдам дека ниту еден денар не е од буџетски средства на граѓаните“, рече тој.