Премиерот Димитар Ковачевски денеска ќе престојува во работна посета на Виена, Австрија.
Како што соопшти владината прес-служба, премиерот Ковачевски ќе оствари тет-а-тет средба со австрискиот канцелар, Карл Нехамер.
По завршувањето на средбата, премиерот Ковачевски и канцеларот Карл Нехамер ќе одржат заедничка прес-конференција.