На бензинските пумпи низ државата утринава осамнаа фигури на претседателот на Владата, Димитар Ковачевски на кои држи транспарент со текст: “Ви благодариме што ни го полните буџетот”.

Кој е авторот на овој досетлив перформанс со кој се изразува негодување од нереално високите цени на горивата, не успеавме да дознаеме. Сепак, можеме да забележиме дека станува збор за уште една креативна форма која го изразува големиот гнев на граѓаните од инфлацијата, високите трошоци за живот и корупцијата во Македонија.

Луѓето што биле анкетирани се согласиле со ставот дека е премногу и дека Владата е виновникот за оваа состојба во која е доведена земјата.

Инаку вчера беше одбиен законот за намалување на акцизата на цената за горивата кој го предложи ВМРО ДПМНЕ со кој ќе се намалеа цените на горивата.