Премиерот Димитар Ковачевски денеска на одбележувањето на почетокот на изградбата на битолската топловодна мрежа рече дека Владата е во преговори со компанија од САД која ќе треба да го трансформира РЕК Битола во гасна централа, пренесе Фактор.
– РЕК Битола, ЕСМ и Владата веќе имаме контакти на високо ниво со еден од најголемите американски гиганти во делот на инсталирање на постројки за производство на електрична енергија од гас. Во Битола постои инфраструктура, трафостаници и комплетна мрежа за да може да се произведува електрична енергија од друг енергенс, а тука пред се мислам на гасот, и нема да претставува проблем да се направи таа транзиција, рече Ковачевски.
Премиерот на новинарското прашање дополни дека магситралниот гасовод од Жидилово до Битола како приемна точка е завршен, а до крајот на годината ќе започне изградбата на гасоводот со Грција
Ковачевски истакна дека на старите наоѓалишта на јаглен за РЕК Битола ќе има и фотоволтаични централи како извор на дополнително производство на струја.