Имаме добри економски показатели и релизации остварени во изминатата 2021 година, напиша на Фејсбук претседателот на СДСМ и мандатар за состав на новата влада, Димитар Ковачевски.
-Зголемени се приходите, имаат раст на ниво на релизација од 15,3 отсто, што значи повеќе пари за граѓаните. Растот на економијата оваа година ќе биде над 4 отсто, што значи економските мерки кои ги реализиравме како Влада дале резултат. Имаме највисоко ниво на реализирани капитални расходи досега, повисока реализација за 45 посто во споредба со минатата година. Дефицитот е понизок од планираниот, изнесува 5,4 отсто од БДП, што значи дека задолжувањето на економијата било помало. Ова е уште една потврда дека економијата е стабилизирана и очекувам во 2022 година проекциите да се реализираат, да го забрзаме растот на економијата, во интерес на граѓаните и стопанството. Во годината во која ни доаѓаат нови предизвици со енергетската криза, економијата и државата се подготвени да помогнат на граѓаните и компаниите, напиша Ковачевски на Фејсбук.