Гордана Димитриеска Кочоска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на својот Фејсбук напиша:

-Го читам Ковачевски, инаку се уште заменик министер за финансии, како сега како мандатар најавува економски раст за оваа година од над 4% па се чудам.

Прво, зошто не се држи до 4,6% колку што проектираше Министерството за финансии во коешто, ќе повторам, се уште е заменик министер? Па почеток на година е, а Ковачевски веќе бега од проектираната бројка.
Второ, се фали со даноците. Ајде Ковачевски бидете доблесни и кажете кои даноци точно. Дали зборувате за ДДВ кое е резултата на инфлацијата и повисоките цени? Увозните давачки кои се исто така повисоки поради повисоките цени? Прецизирајте, ве предизвикувам.

„Ајде кажете и колку собравте од данокот на добивка? Колку потфрливте? Дали едвај успеавте да реализирате 90% од планираното? И сега со вакви огромни сметки за струја и исцрпување на целата ликвидност на компаниите очекувате тие да инвестираат? Значи една од компонентите за раст на БДП ја нема, а тоа се бруто инвестициите.
Што е со личната потрошувачка? Нејзе ќе ја изеде инфлацијата, што значи дека и тука нема никакви очекувања. Увозот расте и ќе расте. Масло на оган е увозот на струјата која дополнително го оптеретува трговското салдо.
На што се должи над 4% стапката на раст?
Нема раст, Ковачески, има само црни сценарија за Македонија со СДСМ на власт. Па бил ти мандатар или премиер, сеедно, нема раст додека владее заевизмот!“.