Премиерот Димитар Ковачевски денеска го повтори ставот дека најавениот референдум од страна на ВМРО-ДПМНЕ е за внатрешно – партиска употреба и дека оваа опозициска партија заедно со Левица се единствените две партии кои се против влез во ЕУ. Северна Македонија, потенцира тој, го започна патот за зачленување во ЕУ и ваков референдум е неревантен.

-Прво, Република Северна Македонија на референдум при осамостојувањето се изјасни дека сака независна држава членка на ЕУ и на НАТО. ВМРО – ДПМНЕ е партија која беше против членство во НАТО, сега заедно со нивниот нов коалиционен партнер Левице се единствените две партии кои се против членството во ЕУ и тоа јасно го покажаа при гласањето за предлогот на ЕУ во однос на отпочнувањето на преговорите со Република Северна Македонија. Меѓутоа доминантниот број на пратеници 68 што ги претставуваат граѓаните донесоа одлука Република Северна Македонија да ги отпочне преговорите. Тој референдум што го зборува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ е единствено заради нивна внатрешно-политичка употреба бидејќи нема политичка партија освен неговиот партнер Левица која е против НАТО и ЕУ и е за сојуз Централно-азиски некаков со Русија, да е против ЕУ, рече Ковачевски.