Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, утре, 3 април 2023 година (понеделник) ќе биде во официјална посета на Република Словенија, заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

Во рамки на официјалната посета планирана е официјална церемонија на пречек со највисоки државни и воени почести, по што премиерот Ковачевски ќе има тет-а-тет средба со неговиот словенечки колега, Роберт Голоб. Како дел од официјалната посета предвидена е и билатерална средба на македонската и словенечката делегација.

Во рамки на посетата предвидено е потпишување на заедничка декларација за зајакнување на соработката помеѓу Република Македонија и Република Словенија, по што ќе се одржи и заедничка прес-конференција на двајцата премиери.

Премиерот Ковачевски ќе ја заокружи официјалната посета на Словенија со средби со претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц Мусар, како и со вицепремиерката и министерка за надворешни и европски прашања на Република Словенија, Тања Фајон и со министерката за дигитализација, Емилија Стојменова Дух.