Денеска, 15.01.2024 година (понеделник) претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, е во работна посета на Виена, Австрија.

Во рамки на посетата, премиерот Ковачевски ќе одржи работна средба со генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмид, на која ќе се разговара за завршеното успешно претседавање на Македонија со ОБСЕ во 2023 година, како и за придонесот на нашата држава за севкупната европска безбедност и стабилност.