СДС за 7 години ја задолжи државата за нови 3.3 милијарди евра. Уште лани Ковачевски и Бесими со постојаните задолжувања ја надминаа бројката од 8 милијарди евра вкупен долг, се вели во соопштението на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Иако се задолжија за неколку нови милијарди, нема нови инвестици, автопатот Кичево – Охрид е незавршен 7 години, Скопје – Блаце два километра два мандати ги прават. На неколку милијарди нов долг, се уште по 100 луѓе секоја година собираат пари за лекување, нема терапии за ретки болести, а често нема ниту средства за апликација на терапија по болниците. На неколку милијарди нов долг не успеаја 7 години да го фатат теркот дека секој септември треба да има учебници за учениците, а не тие да ги чекаат дури во декември. Неколку милијарди нов долг, а народот е се посиромашен. 600 илјади живеат во сиромаштија речиси секој 3 граѓанин е сиромашен, истакнуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.