Со претседателот на Франција Емануел Макрон и канцеларот на Германија Олаф Шолц, кои се наши големи поддржувачи, секогаш имаме конструктивни разговори за европската иднина на С. Македонија, изјави премиерот Димитар Ковачевски.

– Денеска за време на Самитот во Тирана разговаме за актуелните процеси во РС Македонија, посебно во делот на започнатиот скрининг процес како и за предизвиците со кои се соочуваме и успешно ги надминуваме. Тема на нашиот разговор беше и енергетската криза, актуелните состојби во Европа и војната во Украина, објави Ковачевски на својот официјален профил на Фејсбук.

Како што објавивме, Ковачевски денеска во Тирана ја предводи нашата делегација на самитот, во која се и вицепремиерот Бојан Маричиќ и министерот Бујар Османи.