Американската амбасадорка Анџела Агелер започнува со сериозни проекти за работа. Прв таков проект веќе најави, а ќе се истражува корупцијата во нашата држава, како за сегашните, така и за поранешните функционери. „Тимот за санкции“ пристигна во Македонија, а за тоа се огласи амбасадорката на нејзиниот Твитер профил.

Ова следува неколку дена откако Габриел Ескобар, заменик-помошник на државниот секретар на САД, изјави дека американските санкции за корумпираните политичари од Балканот имаат ефект и дека САД ќе продолжат со санкционирање корумпирани функционери од регионот.

Американската амбасадорка функцијата официјално ја презема претходниот месец, а деновиве оствари средби со високи владини претставници. Во текот на вчерашниот ден се сретна и со вицепремиерот Груби.