Премиерот, Димитар Ковачевски, денеска се пошегува на сметка на министерот Крешник Бектеши и останатите министри на ДУИ кои играа фудбал и кошарка во канцеларијата на Груби. Додека Ковачевски и Бектеши пазареа во маркет во Тафталиџе, им пријде постара госпоѓа кој им рече дека е поранешна репрезентативна ракометарка, објави Фокус.
-И он е по спортот – рече Ковачевски покажувајќи кон Бектеши.
-Игра фудбал и кошарка. Како млад играл за Кичево, сега игра кај Груби во канцеларија – рече Ковачевски.
Во истиот маркет Ковачевски мораше да се објаснува пред граѓаните кои го начекаа за да се пожалат дека поевтинувањето е минимално.
-По два денари за макарони и денар за јајцата, не е поевтинување. Тежок е сега животот – рече една жена.
Премиерот на тоа одговори дека млечните производи се поевтинети за 10 отсто, дека цената на јајцата и оризот е замразната, а дека намалена е и цената на брашното.