Владата формираше работна група од министри кои ќе изработат решение за платите на функционерите, кое нема да биде предмет на поништување на Уставниот суд.

Вицепремиерите и министрите вчера на владина седница не донесоа конечна одлука како да ги намалат функционерските плати, а Ковачевски, не присуствуваше на седница поради настан во Тирана. Тој најави дека за недела-две ќе има решение, без да споменува можни коефициенти и бројки.

Од 21 март со одлука на Уставниот суд пратениците, судиите, обвинителите, избраните и именуваните функционери, градоначалниците, директорите на разни фондови, агенции и државни фирми имаат зголемена плата и до 78 отсто.