Пукањето во Ист Гејт ги вознемири скопјани. По ваквиот немил настан на јавно место потребна е одоговорност, а за ова се огласи и Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Тој преку статус на Фејсбук бара Спасовски да си поднесе оставка по денешното пукање во Ист гејт.
Реакцијата на Ковачки ја пренесуваме во продолжение:
„Пред 3 дена министерот кажа дека целосно ги разбиле криминалните групи.
Денеска, среде бел ден, нова криминална пресметка во трговски центар во Скопје. Во тој трговски одат секакви категории на лица: возрасни, млади, мажи, жени, родители со деца…
Спасовски повторно ја излажа јавноста.
Граѓаните не се безбедни и повторувам:
Полицијата под раководство на СДС и на ДУИ нема никаков авторитет!
МВР е мртво ткиво.
Наместо Спасовски да тера кампања за Претседател, треба да си поднесе оставка.
#Промени“, стои во неговиот пост на Фејсбук.