Власта да не бега од референдумот и да не се обидува да го опструира. Јасно е дека изворот на сите проблеми е договорот со Бугарија којшто наместо да е договор за добрососедство е договор што дополнително ја поларизираше состојбата помеѓу двете држави, а за жал ја зголеми недовербата и нетрпението и помеѓу двата братски народи, порачува Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.

„Не може да дозволиме преку распродажба и ретуширање на историјата на која инсистира Бугарија и која е дел од договорот што го потпиша Заев, да биде услов за напредок и развој на Македонија.

Македонија е европска држава и заслужува да биде дел од западната цивилизација, но не под услов на обезличување на кое се подготвени и кое го прават предавничко-криминалната коалиција на СДСМ и ДУИ.

Доколку власта е убедена дека нивните политики се успешни и дека се’ уште ја имаат поддршката од тие 320.000 гласови што ги имаа на изборите во 2020 година, тогаш нема потреба да се плашат и треба да одиме на референдум, па народот нека се изјасни дали е за или против самоукинувањето што го подготвија ДУИ и СДСМ“ – истакнува тој.