Преку референдумот кој претставува најдемократскиот облик на непосредно одлучување на граѓаните за донесување на одредена одлука од посебно значење за државата ќе имаме шанса да кажеме дека ни е доста од понижувања и уцени, пишува Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ.

-Македонискиот јазик, култура и историја се нераскинлив дел од секој еден од нас и затоа преку задолжителен референдум тоа ќе го потврдиме. Кога имаме проблем во поширока смисла, тогаш имаме задача која што го чека решението, вели таа.