Во недостиг на политичка мудрост и широчина, а сепак со ништо непредизвикана, искажувајќи ја својата немоќ, г-ѓа Шекеринска повторно манипулира и ме спомена во нејзиното интервју на една национална телевизија. Мислам дека не е пристојно од носител на јавна функција да споменува лица кои не се присутни во просторијата и кои немаат можност да се бранат, вели Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
-Г-ѓо Шекеринска, Вашето време помина. Веќе никој не Ви верува во тоа што го говорите. Ви помина времето кога како боксерска вреќа си ги третиравте политичките противници. Времињата од минатиот век кои ги паметите, се сменија. Дуваат нови ветрови, помина времето на византиските игри кои се обидувате да играте и тоа и народот а и Вашите сопартијци го препознаа, пишува Ковачки на Фејсбук и додава:
„Г-ѓо Шекеринска, имав можност да Ви го погледнам интервјуто, па како член на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, доколку сте убедена во тоа што го говорите, повелете на ТВ на заедничко гостување за да на јавноста заеднички и’ ги појасниме работите во одбраната со кои вие се гордеете, а јас како граѓанин се срамам. Бидејќи сте дама, Ви оставам да изберете водител и телевизија на која би го направиле гостувањето во следните 7 дена“