И денеска се продолжува со понижувањето на македонската демократија, во собранието од страна на нелегитимниот премиер кој што во утринските часови прекинуваше пратеници со дофрлања од место дека многу викале и не можел да ги слуша. Очигледно е дека премиерот деновиве има проблем со вниманието е и не е подготвен да се соочи со аргуиментите на опозицијата. Излегува и чита готови прес конференции, нагласи Драган Ковачки, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.
Ковачки истакна дека во обид за дефокус премиерот ја навредил колешката Бети на сексистичка основа.
„Во обид за дефокус премиерот и денес навреди нашата колешка на сексистичка основа а во текот на вчерашниот ден колега го нарече дека е глупи август а се дополни со нова изјава дека бил пион кој што можел да стане кралица, но коњот засекогаш ќе останел коњ. Брука, ова е дно. Обичниот пион на Груби односно на Артан Груби пати од комплекс на помала вредност затоа што не бил на избори и не е избран.Но сепак сака да стане кралица и мисли дека може да ги навредува избраните пратеници“, истакна Ковачки.
Пратеникот Ковачки упати прашање до премиерот до каде се проектите што ги ветувале и зошто нема ниту еден реализирано.
„До каде е гасификацијата на Гостивар, до каде е гасификацијата на Штип до каде е реконструкцијата на регионалниот пат Македонски Брод-Скопје, сте ветиле изградба на старечки дом во Кочани, отворен и затворен базен, изградба на спортска сала, до каде се овие проект, ветувавте граничен премин Клепало, изградба на пат Берово-Радовиш, ништо не е реализирано ништо од ова што сте го ветиле, новата влада ќе има најкраток век на траење“, нагласи Ковачки.