Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, преку објава на социјалните мрежи упати остри критики кон политичките противници, наведувајќи дека никого не именувал, но дека „сами се препознале како талогот“.

Тој ги обвини дека со години ја влечат државата и општеството назад и дека никогаш не работеле надвор од политиката.

„Вчера клечеле пред Софија, утре пред Белград, задутре пред Москва… адресата се менува, ама држењето не“, напиша Ковачки.

Според него, измеќарството не може да биде политичка доктрина и обидите тоа да се претстави како единствен исправен пат само ја намалуваат, а не ја зголемуваат вредноста на оние што го застапуваат.

Ковачки порачува дека Македонија нема време да се занимава со такви политички структури и дека државата треба да продолжи напред.