-Пиунот Ковачевски треба да се огради од криминалот на уценетиот Заев и да отвори случаи против Заеви за огромниот рекет.

Заеви се вмешани во најголемите криминали во Македонија. Бојан Јовановски го обвини Вице Заев дека земал рекет од тендерите во РЕК, шоферот на Трајче Заев беше фатен како шверцува дрога, семејните фирми им влегоа во бизнисот со марихуана и целата држава ја направија заложник на своите бизнис интереси.

Заев се повлече од врвот на СДСМ за Димитар Ковачевски да ги покрие неговите траги, да нема истраги и да го легализира криминалот. За таа цел раководството на СДСМ е полно со кадри на заевизмот, тоа не се нови луѓе, туку стари и истрошени кадри на Заев.

Раководството на Димитар Ковачевски е тело на Заев, таму е Фатмир Битиќи, вицепремиер на Заев и потпретседател на СДСМ. Тој е една од причините за енергетската криза, причините за инфлацијата, малиот број на странски инвестиции, за отпуштањето на луѓе од работа.

Заевизмот продолжува и со Сања Лукаревска. Таа е директорката на УЈП која ги толерира фирмите на Заеви со милионски долгови, додека фирмите на народот добиваат блокади.

Миле Зечевиќ не е никаков нов кадар, тој е човекот на Заев, кој учествуваше во организирање на изборни нерегуларности во изминативе години. Зечевиќ е творец на партизацијата на администрацијата, полнењето на истата со мајки и деца на функционери.

Ништо ново не може да се очекува ниту од Стефан Богоев, градоначалникот на Заев, кој изгуби во Карпош, а сега треба да губи и на ниво на држава, тој е градоначалникот кој сакаше да гради спортски комплекс и да го претвори во бетонска џунгла со згради.

Ова се кадрите за порази на СДСМ, а тоа се гледа по Шилегов, кој изгуби во Скопје. Го врати градот назад и го закочи развојот, правеше само криминал и не работеше ништо.

Шилегов е симбол за криминалот на СДСМ. Со просечна административна плата стигна до 4 луксузни станови, луксузна зграда во Скопје надградена на диво, луксузна вила од 300м2 во Маврово, луксузни автомобили вредни над 130.000 евра. Тој е човекот кој Скопје го задолжи 160 милиони евра.

Дека ова е тимот кој губи, доказ е и неколкукратниот губитник на парламентарни избори Игор Ивановски Шема. Шема кој направи пакт со заевизмот за својата лична кариера. Тој кој 30 години ништо добро не и носи на Македонија. Тој е продолжение на кариерата на политичкиот метузалем Шекеринска.

Во раководството на СДСМ и на Ковачевски има место и за насилници и тепачи на жени како Ацевски, но и за вечни губитници како Андреј Петров, кој беше градоначалник на Карпош, а скоро никој не се сеќава на него, зошто ништо и не направил.

Костадинов кој е посинокот на Заев во политиката. И се гордее што Заев во него се гледал себеси, и кој веднаш по добивањето на власт си ги вработи мајката и тетката во администрација, сега тој треба да биде новото лице.

СДСМ нема да биде СДСМ ако ја нема олигархијата. Нина Фити, чиј што татко ја осмисли транзицијата која остави 200.000 работници на улица, сега треба да ја дограби Македонија, и да продолжи каде што татко и застана.

Ковачевски во својот тим го има и Дарко Каевски кој на 30 години без ден работа во реален сектор, се стекнал со стан од 62м2 и над 60 илјади евра во банка за само една година. И додека неговите врсници мака мачат да се вработат, Каевски со функционерска плата стекнал вистинско богатство.

Не може разединета партија како СДСМ која ја подели Македонија да зборува за обединување.

Ништо не е сменето во СДСМ, истите луѓе кои кога сами за себе велеа дека имаат плава крв сега се на чело на СДСМ.

Ковачевски е продолжена рака на заевизмот. Димитар Ковачевски е човекот кој се поклонува на Заев и го надоградува заевизмот. Како заменик министер активно учествува во зголемување на историски највисокиот долг во државата, кој активно придонесува за инфлација и поскапување на цената на струјата. Човек кој лажеше дека е дипломец на Харвард каде завршил обичен курс и кој докторирал на сметка на државата додека неговиот татко е амбасадор во Црна Гора, подвлекува Ковачки.