Во вечерашното издание на дневникот на Сител ТВ во тема на денот гостуваше членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листата на пратеници во третата изборна единица Драган Ковачки кој што во однос на безбедносниот сертификатот и обвинувањата на СДСМ и дали таков поседува истакна дека тоа се лаги на СДСМ, поседува безбедносен сертификат а креаторите на лажни вести од СДСМ и ДУИ ќе бидат поразени и тргнати од власт.

„Тоа е жива глупост, вака искрено да кажам. Нека си ги проверат сопствените служби, нека видат кој има сертификат кој нема. Го демантирам тоа. Целосно го демантирам тоа, не е така. Имам сертификат, поседувам сертификат. Она што е важно е ДУИ и СДСМ да бидат тргнати од власта, оние што се креатори на лажни вести како оваа сега што ја споменувате со кои што ја предадоа власта на ДУИ и на Али Ахмети на човекот кој што се претставува како некаков филозоф од Зајас а всушност наликува како блиско источен монарх го видовме тоа во каква хациенда живее човекот кој што е покровител на целиот криминал во изминативе 20 години и не одговарал за ништо е таквите луѓе се креатори на лажните вести и работат за Али Ахмети“ кажа Ковачки.