– Станува збор за еден сериозен предизвик во кој што се наоѓа нашата татковина Република Македонија. Факт е дека ова е битка на новата генерација на политичари на ВМРО-ДПМНЕ и ние таа битка ќе ја добиеме. Станува збор за еден план кој што е направен од страна на сегашното раководство на СДС, на претседателот Пендаровски и на поранешниот премиер, Никола Груевски, потенцираше Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во гостување на вестите на Канал 5.
– За што станува збор? Сегашното раководство на СДС и Пендаровски и ДУИ му ветуваат на господинот Никола Груевски, поранешниот премиер, кривична неказнивост, а со цел обезбедување на доволен број на пратеници за гласање за уставните измени практично да се гласа за нешто против волјата на граѓаните, рече Ковачки.
Ковачки во врска со уставните измени порача:
– Ние како пратеничка група, факт е дека сме го покажале во минатото, тоа ќе го покажеме и во иднина. Остануваме цврсти на ставот дека до тоа нема да дојде. Ние не гласаме за нечии лични интереси, ние гласаме согласно волјата на граѓаните. Не може да се случи поединци да мислат дека за нивни лични потреби ние ќе отстапиме.
На крај Ковачки потврди дека постојат докази дека Груевски прави со власта валкани дилови конкретно за уставните измени.
– Да постојат докази поврзани за таа работа, знаете ќе ве потсетам за измените во кривичниот законик кој што е дел од тој план, значи за негова кривична неказнивост. Понатаму верувам дека и во иднина би се случувале одредени поместувања на политичката сцена , меѓутоа како што ви реков ние како политичари ќе издржиме и нема да отстапиме од тоа затоа што тоа од нас го бараат граѓаните, заклучи Ковачки.