Министерот за одбрана, Славјанка Петровска, во стилот на нејзината претходничка Шекеринска, ја лаже и јавноста и војниците.

Држат фамозни прес конференции на почеток на година, ветуваат брда и долини, а на крај од реализација нема ништо.

1. Министерката да им каже на старешините и војниците дека платите според Законот што го изгласавме во Собрание и дека треба да се зголемат до 9.000 денари, а не само 2.000 денари. Нејзините акробации со измена на вредноста на бодот во МО во моментов има 38 вредности на бодот, се противзаконски. (!)

2. Во врска со модернизацијата, нека и’ каже на македонската јавност дали има обука со новата опрема што пристигна или цели 6 месеци и’ служи само за сликање?

3. Нека каже министерката кога ќе собере храброст министерката да каже до каде е истрагата во МО за давањето и примањето на мито што според неа ја отвориле уште во февруари и дали најповиканиот за гонење на овој вид криминал ќе го награди со 4000 евра месечна плата во Брисел затоа што го покрил криминалот за кој требало да постапува?

4. Нека каже министерката како е можно на мировна мисија надвор од државата, на мировни мисии да се испраќаат единици без болничар, или со помалку стрелци затоа што на нивно место по налог на министерката заминале лица-котлари?

Свесна ли е Славјанка Петровска дека на тој начин, лично таа ја нарушува борбената готовност?

Славјанка Петровска го наследи трулиот систем на Шекеринска и во истиот добро се вклопи.

Со отсуство на чувство за одговорност, кадрите на СДС ја симнаа одбраната на најниското скалило на функционирање.

Многу брзо ќе се сменат работите, а одбраната ќе ја довериме на лица кои ја разбираат и кои ќе го подбрат стандардот на војниците и ќе се борат македонската војска да биде достојно ниво како НАТО членка – така како што доликува, пишува на својата Фејсбук страница пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки.