– Непособноста каде ја гледаме? Моментот кога се појави кризата, кога веќе беше прогласена пандемијата, ние не сакавме како држава да учиме од државите кои веќе имале вакви слични искуства. Во справувањето со кризниот менаџмент такви искуства има во земјите од Далечниот Исток. Не сакавме да погледнеме таму како се имаат справувано луѓето во 2003-2004 година со таквиот начин на зараза, истакна тој за КУРИР.
Ковачки: Власта покажа дека е неспособна да се справи со коронавирусот
К
Власта е неспособна. Ако направите споредба со некоја од државите околу нас, ќе видите дека навистина сме на последното место во справувањето со кризата и факт е дека сме во првите топ 5 по смртност, во интервју за КУРИР посочува полковник Драган Ковачки кој е и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.