– Во моментот имаме 20 хоспитализирани пациенти, а овие денови сме имале многу луѓе кои се пуштени дома. Од 20 пациенти, 18 се на кислородна поддршка, во добра клиничка состојба, и според крвна слика и според лабораториски испитувања, се надевам дека ќе се пуштат дома. Кај амбулантски прегледи вчера сме имале 80 пациенти што е парадокс за нас, не дека имаме многу пациенти со Ковид, туку се пратени со упати од матични лекари за контрола. Матични лекари можат и самите да праќаат на контрола пациенти на биохемиска лабораторија и ренген дијагностика, со тоа ќе се поедностави работата во ковид центарот, вели д-р Нуредини, координатор во Ковид-центарот.

Докторот апелира граѓаните да ги почитуваат термините за вакцинација и да ја примат вакцината со која ќе се заштитат од Ковид-19.

-Се уште не е ништо завршено има скептици, пациенти кои барат да добијат одредена вакцина. Ништо не е подобро или полошо ако не се вакцинираме, било која вакцина е подобра од тоа да се остане без вакцина. Вакцинацијата е процес кој што вие си помагате себе си, на фамилијата, на колегите, на целата држава. Ова е еден процес во кој како држава мора да се вакцинираме да не сме извор на зараза на другите држави. Без вакцинацијата нема излез од економска, здравствена и социјална криза. Да почнеме да живееме како пред пандемијата, објаснува д-р Нуредини.

Од вторникот во Тетово почна и масовна имунизација на населението во спортската сала на медиицнското училиште.