Новите цени за електрична енергија ги зголеми и сметките во болниците во клиничкиот центар Мајка Тереза, ГОБ„8 Септември“ и градската болница „Наум Охридски“, објавува Канал 5.
Највисоки сметки за струја добија Инфективната клиника скоро 27 илјади евра за еден месец, а ГОБ „8 Септември“ има долг од 240 илјади евра за струја и гас.
Од Инфективната клиника велат за две години се потрошени 730 илјади евра за набавка на кислород кој беше потребен скоро на секој пациент во болницата. Високата бројка на ковид пациенти и нивното лекување донесе екстремно високи сметки во потрошуваката.
Од инфективна клиника објаснуваат дека се работи на реорганизација, но наредно за менување и реновирање е и опремата во ковид болниците што беа максимално искористени.
Извори за Канал 5 објаснија дека во наредните денови треба да се одржи состанок помеѓу ЕЛЕМ и министерствотро за здравство.