Црногорецот Един Бегзиќ, кој од утрово се закануваше дека ќе го активира експлозивот пред филијалата на НЛБ банка во Бар, се предал по разговорот со вицепремиерот и координатор на безбедносните служби Дритан Абазовиќ, пренесоа медиумите.

Бегзиќ се закани дека ќе ја крене во воздух банката НЛБ, која се наоѓа во станбена зграда, барајќи да им се исплатат заостанатите плати на поранешните работници од барска „Приморка“.

Подгоричките медиуми јавуваат дека Бегзиќ по разговорите со Абазовиќ решил да се предаде, а вицепремиерот во петок ќе ги прими поранешните работници на „Приморка“.

По предавањето Бегзиќ бил приведен во полициска станица.