Крајбрежната служба на Грција спречила над 590 мигранти со девет чамци, од туското крајбрежје да влезат во грчките територјални води, јави дописничката на МИА од Атина.

Од грчката крајбрежна служба соопштија дека во период од неколку часа, рано утрово, во поширокиот морски регион меѓу отровите Хиос и Самос, биле забележани пет случаи на чамци кои се обиделе да влезат во грчките територијални води, а крајната дестинација била Италија.

Дополнително, бил откриени уште четири чамци, кои исто така се обиделе да влезат во грчките води.

Патролните бродови на крајбрежната служба на Грција употребиле светлосни и звучни сигнали и „никој од чамците не влезе во грчките територијални води“.

-За сите девет случаи веднаш беше информирана турската крајбрежна служба за да го преземе управувањето со чамците, како што беше потребно, бидејќи беа откриени во турските територијални води, соопштија од Крајбрежната служба на Грција.

Додаваат дека дел од чамците со помош на турските патролни бродови биле вратени во Турција, а дел сами се упатиле кон турското крајбрежје.

-Грчката крајбрежна служба стабилно ги презема сите неопходни мерки со решителност, почитување на меѓународното право и чувствителност за човечките животи, за ефективен надзор и заштита на морските граници на Грција и ЕУ, а резултатите се гледаат во големото намалување на бројот на нелегални преминувања на нашите морските граници на државјани на трети земји, пишува во соопштението на грчката крајбрежна служба.