Кралицата Елизабета утре ќе наполни 95 години. Тоа е прв роденден по цели 70 години што таа ќе го прослави без сопругот принцот Филип , кој беше погребан минатиот викенд.

Во исто време, ова ќе биде прв роденден по седум децении што ќе помине без традиционалното фотографирање и објавување на нејзиниот нов портрет, што беше традиција долги години.

Елизабет ќе го прослави својот роденден опкружена со мал број луѓе од кралскиот персонал во замокот Виндзор.

Бидејќи кралицата се грижи за своето здравје, поради епидемијата на корона вирусот нема да се случи ниту прослава на роденденот, ниту со најблиските.

Најблиските членови на семејството, како принцот Чарлс, принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, ќе и го честитаат роденденот и ќе и посакаат сè најдобро преку телефон.