Насмеаната 95-годишна кралица одржа аудиенција за новите амбасадори на Летонија и Брегот на Слоновата Коска.
Кралицата ги извршуваше своите должности од нејзиниот дом во замокот Виндзор, западно од Лондон, каде што пред две недели беше погребан принцот Филип, со кого мина седум децении во брачна заедница.
Ова е прв работен ангажман на кралицата Елизабета Втора од официјалното завршување на кралската жалост, но не и од смртта на нејзиниот сопруг на 9 април.