Во тешка сообраќајна несреќа која се случила утрово во близина на Ортона, Италија, загина триесет и едногодишен маж со македонско потекло. Според информациите објавени од италијанските медиуми, жртвата е Стефан Ѓ. (31), кој живеел во Ортона.

Несреќата се случила во утринските часови, а на местото на настанот интервенирале надлежните служби. Сепак, деталите за околностите под кои дошло до несреќата сè уште не се целосно познати.