Гласилото, кое се опишува себеси како „лесна алтернатива“ на печатот „опседнато со младоста и славата“, откри дека на Бакингемската палата, т.е. на 95-годишната кралица ѝ ја предложило својата награда „Старец на годината“ (The Oldie of the Year). Таа е на престолот скоро седум десетлетија. Но, на неговите страници денеска осамна писмото на одбивање на наградата, испратено на 21 август, потпишано од нејзиниот помошник приватен секретар Том Ленг-Бејкер.
„Нејзиното Височество смета дека ги имаме годините што ги чувствуваме и затоа, таа не мисли дека ги исполнува условите за да ја прифати (наградата)“, се истакнува во одговорот.
И покрај гласините дека ќе се пензионира по смртта на својот сопруг Филип во април, Елизабета Втора неодамна учествуваше во бројни јавни настани. А, минатата недела таа беше видена како оди со бастун, првпат по 2004 година.
Филип, кој годинава почина на речиси 100-годишна возраст, е добитник на „Олди“ наградата за 2011 година, за неговиот 90-ти роденден.
Нема ништо подобро за моралот од потсетување дека годините минуваат и дека „старата руина почнува да се распаѓа“, напиша војводата од Единбург во писмото на благодарност, познато по својот недипломатски хумор. – „Но, сепак е убаво да ме помнат“, додаде Филип.