Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против десет полициски службеници од Единицата за брзо распоредување (ЕБР). Пријавата е поради сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување. Според пријавата, тие незаконски примале надомест за патни трошоци, со што го оштетиле буџетот на МВР за 1.098.120 денари.

(ВИДЕО) Тошковски и Мисајловски на заедничка алпинистичка вежба на Единицата за брзо распоредување и Баталјонот за специјални задачи „Волци“

Незаконско присвојување на патни трошоци

Одделот за внатрешна контрола утврдил дека пријавените полициски службеници – К.Ѓ., Г.Д., Н.С., И.Г., Д.Д., Д.Д., Н.М., С.С., З.Т. и Д.Т. – користеле право на патни трошоци врз основа на пријавено место на живеење надвор од Скопје. Сепак, во одредени денови, тие не патувале, но сепак примале парични средства од МВР.

Оваа злоупотреба, извршена во периодот од 1 декември 2023 до 17 септември 2024 година, довела до финансиска штета за државниот буџет.

Освен кривична пријава и дисциплинска постапка за службениците

Освен кривичната пријава, Министерството ќе поднесе и предлог за поведување дисциплинска постапка против осомничените полициски службеници. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ќе ја води истрагата за случајот.

Извор: Курир