ОВР Струга поднесе кривична пријава против Б.Б.(38) од струшкото село Велешта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и против Ќ.И.(38) од истото село, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање на сторител во извршено кривично дело“.
На 19.03.2021 на регионалниот пат Струга – Дебар, кај село Велешта, полициските службеници од САЕ „Тигар“ и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал извршиле контрола во патничко возило управувано од Ќ.И., при што пронашле и одзеле полуавтоматско оружје „СИГ“ калибар 9 мм, што Б.Б. нелегално го поседувал.