-Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Н.И. (37) од Дебар. На јули годинава во 30 минути по полноќ, на главната улица „8 Септември“, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа кокаин, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.

Според полицијата Н.И. бил лишен од слобода, а подоцна, врз основа на судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом.

При претресот биле пронајдени и одземени електронска вага со остатоци од марихуана, две дробилки со остатоци од марихуана и таблети со кафеава боја.