Пријавениот, како управител на правно лице од Скопје, изготвил и издал „дозвола за движење на вработен, поради вршење на сменска и ноќна работа“ и покрај тоа што правното лице немало регистрирана дејност во трета или четврта смена. Исто така, во дозволата што ја издал внел невистинити податоци дека вработениот работи во производствен погон на компанијата и дека ги извршува своите работни задачи во смена во период од 22.00 до 05.00 часот. На 17.03.2021 во 00.15 часот, на пункт Кружен тек Влае, од страна на полициски службеници бил сопрен вработениот, кој на увид им ја приложил дозволата.
Кривична пријава за лице од Саудиска Арабија – Фалсификувал дозвола за движење
К
СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.Н.(38) од Саудиска Арабија, со живеалиште во Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ и „фалсификување службена исправа“.