Секторот за внатрешни работи Тетово целосно го расчистил случајот со сквернавењето на државното знамe на Република Македонија од страна на момче, кое снимило и видео и потоа го објавило на социјалната мрежа „Тик-ток“, соопшти денеска МВР.

– Во текот на вчерашниот ден во Полициската станица Тетово повикан е 16-годишник од тетовско, со кого во присуство на неговиот родител, извршен е службен разговор и по целосното документирање на случајот, за малолетникот ќе биде изготвен соодветен поднесок до ОЈО Тетово по член 319 и 394 од Кривичниот законик, се наведува во соопштението на Министерството.

Според членот 319, на лицето би требало да му следува казна затвор од една до пет години.