Лидерот на ДУИ Али Ахмети конечно по 24 години од основањето на партијата го поставил државното знаме во неговата канцеларија во седиштето во Мала Речица. Државниот симбол е виден за време на средбата на Ахмети со австрискиот амбасадор, Мартин Памер. Впечатливо е дека Ахмети во изјава за порталот на албански јазик Тетова сот рекол дека отсекогаш бил за унитарна држава но и дека државното знаме го поставил во канцеларијата по сугестија на амбасадорите.
-Отсекогаш сум бил за унитарна држава, тоа беше и предлог на странските амбасадори во земјава, бидејќи на средбите со нив ми беше предложено знамето на државата С. Македонија да биде поставено во мојата канцеларија – изјави Ахмети.
Тој додал дека поставувањето на државното знаме е во согласност со верувањето дека државата им припаѓа на сите граѓани и дека државните симболи мора да се почитуваат.
