СВР Скопје-Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против Ф.И.(52) од Скопје за сторено кривично дело “Загрозување на животната средина со отпад” од член 230 ст.3 од КЗ и против правно лице на кое што првопријавениот е управител, заради постоење основано сомнение за сторено кривично дело “Загрозување на животната средина и природата со отпад” од член 230 ст.3 в.в.ст.5 од КЗ.
Имено, на 14.02.2022 година при извршена контрола од страна на полициски службеници од ЕЕКК и инспектори од Државен пазарен инспекторат, утврдено е дека првопријавениот како управител, во име и за сметка на второпријавеното правно лице, во нерегистриран склад за откуп и продажба на секундарни суровини лоциран во општина Гази Баба, Скопје, неовластено тргува со отпад без да поседува Дозвола за вршење на дејност управување со отпад издадена од Министерство за животна средина во име на второпријавеното- правното лице, со што постои основано сомнение дека пријавените го сториле кривичното дело кое што им се става на товар.