По преземени оперативни мерки и активности било утврдено дека пријавениот-вработен како полициски службеник, давал информации на криумчари на мигранти каде има полициски патроли или ако тој бил на задача свесно ги пропуштал. Тој бил лишен од слобода и предаден во Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал.
На С.К. му е одредена мерка притвор.