57-годишник од кичевско доби кривична пријава поради закани кон градоначалникот на Кичево.
Како што се наведува во полицискиот билтен, Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Н.Ј.(57) од село Раштани, кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.
