Полицијата поднесе кривична пријава против В.Д.(61) од Велес поради „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.

МВР во дневниот билтен информираше дека причина е коментар на „Фејсбук“ што го напишал велешанецот под објавен текст на интернет портал.

Според информациите, лицето во коментарот промовирало и поттикнувало омраза и насилство.