Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Г.Б.(34) од Берово, З.К.(27) од Пехчево и А.Е.(22) од Берово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Имено, при претрес во домот на првопријавениот полициски службеници пронашле и одзеле марихуана, метална кутија со остатоци од марихуана и предмети со остатоци од тетрахидроканабинол и од кокаин.

Притоа било констатирано дека Г.Б. неовластено му продал на З.К. марихуана, а А.Е. посредувала за да биде извршена купопродажбата на дрогата.