На 15.01.2022 во 11,30 часот било пријавено дека во с.Арачиново-скопско се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило “фолксваген“ со скопски регистарски ознаки управувано од М.С.(22) од с.Грушино-скопско и патничко моторно возило “опел“ со скопски регистарски ознаки управувано од Ф.А.(57) од с.Арачиново.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Ф.А., а со телесни повреди се здобиле М.С. и сопатникот од возилото “фолксваген“ Ф.С.(21) од с.Грушино констатирани во Градската општа болница “Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.