Неодамнешните законски измени предизвикаа загриженост во врска со одговорноста за злоупотреба на државните средства. Не само што ретко кој ќе се соочи со затвор за проневера, туку и службениците што ќе ги приведат ќе се борат да ги испратат во затвор. Овие измени, кои донесоа значителни измени во кривичниот законик, не само што го укинаа кривичното дело злоупотреба на јавни средства, туку и ги намалија казните поврзани со него. Дополнително, овие измени ги врзаа рацете на обвинителите кога станува збор за притворот. Според овие измени кои влијаат и врз Законот за кривична постапка, според кој за дела предвидуваат казни до пет години, притворот може да се изрече само во случаи на ризик од бегство, а максималната казна сега е ограничена на три години.
„Обвинителите ќе бидат користени како кукли дека наводно со води истрага, а не може да се води бидејќи кривично дело не постои, кога институцијата застарувањето е изиграно, а притоа и законодавниот дом го злоупотреби европското знаменце и се беше набрзина изгласано. Колку и да имаат обвинителите симпатити бидејќи знаеме како беа инсталирани, сепак не може да не се побуниш, врзани им се разете“, вели Костов.
Поранешниот обвинител Сотир Костов забележува:
„Моќните личности сега ќе се занимаваат со коруптивни активности, трошејќи ги јавните средства неказнето, џебувајќи ги и однапред знаејќи дека нема да се соочат со судења или судски постапки. Дали е ова правда? Не, тоа е неправда, и тоа е селективна правда“.
Актуелни и поранешни функционери од претходната администрација се соочија со правни дејствија и притвор за злоупотреба на буџетски средства. Сепак, неодамнешните законски измени значат дека сегашните функционери ќе избегаат од притвор за слични прекршоци. Еклатантен пример се поранешните министри како Миле Јанакиевски и Гордана Јанкуловска, кои претходно издржуваа казни за дела кои сега се декриминализирани. Јанакиевски е рекордер по доживеани повеќекратни притвори. Во минатото, неколку апсења и ослободувања зависеа од нивото на контрола на медиумите и потребите на владејачката партија, предизвикувајќи загриженост за состојбата на правдата во Македонија.
Извор: Алфа