Денеска (11.10.2023) Одделот за воздухопловни единици на МВР по добиено барање од Центарот за управување со кризи за гасење на пожар на местото Црвена вода во општина Студеничани, го упати хеликоптерот Бел-412 и во координирано постапување со пожарникарите од Територијалната противпожарна единица, пожарот е локализиран. Хеликоптерот Бел-412 врз пожарот исфрли над шест тони вода.