Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека кризната енергетска состојба ќе биде продолжена за уште шест месеци.
– Кризната енергетска состојба ќе биде продолжена за уште шест месеци. Имаме некои најави дека може да дојде до деескалација но, сепак, тоа нас не не спречува да ја прекинеме. Дај Боже да дојде до деескалација и до смирување на ситуацијата за да можеме да ја прекинеме кризната состојба – изјави денеска Мицкоски за време на посетата на Скопското Кале.
Владата ја продолжи и мерката за намалено ДДВ за дизелот од 18 на 10 проценти до 20 октомври. Веста вчера ја објави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.
