Net Bloks на својата веб-страница потврди дека комуникацијата на Куба на Facebook, WhatsApp, Instagram и Telegram е „делумно нарушена“.
„Моделот на ограничувања забележани во Куба укажува на континуирано нарушување на платформите за пораки што се користат за споделување информации за протестите во реално време“, рече директорот на Net Bloks, Алп Токер, пренесе „Ројтерс“.
Незадоволни од лошата економска состојба, недостиг на храна и лекови, прекини на електрична енергија, високи цени и начинот на кој владата се справи со епидемиската криза, илјадници Кубанци се приклучија на демонстрациите низ Куба.