Спасувачите во Турција пронашле и извлекле куче од под урнатините на зграда во градот Хатај, 55 часа по разорните земјотреси што во понеделникот ги погодија јужните региони на Турција.

Откако било спасено од под урнатините, медицински тим го покрил кучето со ќебе за да се стопли.

Бројни спасувачки тимови продолжуваат со операциите за пребарување и спасување во регионите погодени од разорните земјотреси.